Saturday, May 19, 2007

Декаденција!

Серија цртежи и видео од нив,
кој се доволни експлицитни и сами по себе си кажуваат шо имаат,
но заради темата што така ја генерализирв ...
ке стаам текст.














Застани во ред





Отпор




















Ова е патот





Поглед назад




















Паднатите неборци





















Паднатите лажни борци







Приказна за малиот патник

И еден човек-светол ден во истата ноќ како и ден меланхоличен бо јарко жолто со ноќ расипана во сласти телесни и црни облаци над Синото небо и крвава мецечина во нарцисовите очи и една тема - Тој како дел од општото лудило и слеп набљудувач на општествените тајни... или Биди човек и застани во редот и немај мисли, само кулирај и опушти се - некој друг мисли за тебе, ти контемплирај во сопствените избледени ставови или еден свет - сите бои во бело и црно и сите битија во неколку линии и еден сив, издуван свет најубав од сите и надвиснати сенки и магла...
„Декаденција“ во општиот свет, непрестан пад кој се должи на намалување на неопходните морални традиции, состојба на себичност, материјализам, малодушност, декаденцијата во тебе, тој, таа и можен, веројатен личен пад на етичките „стабилни и цврсти начела“, рушење на достоинството, почитта, давење во рамнодушноста...Сега не е важно дали овој свет е најубав од сите, тоа прашање го изгубило своето значење и смисла, ...

Ивана В.