Sunday, December 30, 2007
Friday, November 30, 2007
Од изложбата во Точка
Никола Гелевски
ОСТРОВЧИЊАТА-ЦРТЕЖИ
“Земјата на Магијата ја опкружуваат ситни пловечки островчиња. Во секое од нив по еден мртовец. Тој појас од знаци во водата ја заштитува земјата на Магијата”, вели Анри Мишо во својата славна поетско-прозна книга-архипелаг, сета составена од чудесни мали острови.
Ако светот на уметникот е своевидна земја на магијата, тогаш изложбите се своевидни пловечки островца населени, секое поединечно, со по еден мртовец. Стражар и светилничар, едновремено, и за двете насоки: да го чува
уметниковиот свет на Магијата, но и да ја одбележи границата кон другиот свет, на “живите”, на отелотворените, на немагичните? Таа граница е интересно место за средби, како гробишта.
Во цртежите на Иван Ивановски има нешто од двата света; тие цртежи потсетуваат на островца со мртовци, или на полнети гуштери во кои знаат да се наредат и до петнаесет возрасни луѓе! Тие цртежи се оние подземни интензитети за
кои зборува Жил Делез: пулсираат нис своите наноси и густини како задишани кртови во бекство. Тие цртежи се флуидни, разлеани, како да се дел од друга приказна, од друг свет, а сепак треперат во овој, создаваат свои мрежи и значења. Често наликуваат на скица, но во позитивната смисла: потегот, гестот, насетената контура понекогаш содржат повеќе потенцијална енергија од отелотворениот облик, од пропишаното инкубаторско зреење...
Се чини дека Ивановски - што веројатно е типично за младоста - во уметноста повеќе го интересираат токму енергиите, расположенијата, моментните состојби, отколку големите констелации, формите и завршеностите. Неговото цртање е како истражување на сопствените пред с# емотивни предели, ловење на тонови, слоеви, густини...
Како Иван да се обидува да ја сотре онаа капсула (со цијанид збутан во заб?:) која стои помеѓу човекот и гледаното, за што исто така пишува Мишо: “Додека се набљудува еден пејзаж во повеќето луѓе со образува, така велат, една капсула. Таа капсула не е толку малечка колку што се мисли. Таа капсула е медиумот меѓу пејзажот и набљудувачот. Ако набљудувачот успее да ја раскине и да ја неутрализира капсулата, тогаш тој би бил неизмерно среќен, би го здобил рајот на земјата.”
Се разбира дека ретко кој од нас ја проголтал или уништил капсулата и останал жив. Затоа е уметноста - да ги насетува другите светови, а понекогаш и да ги штити тие други светови уд упадот на натрапниците. Напад и одбрана, едновремено? Граница, со островчиња, и во секое по еден мртовец-цртеж.
Friday, October 12, 2007
Sunday, September 2, 2007
Friday, August 24, 2007
Saturday, August 18, 2007
Your children are next!
Глеам на ТВ девојче од 6-7 години збори нешто у стил “да влеземе у нато за да нема повеке војни„ еден куп деца со парола "Македонија во НАТО, ние децата нивно злато" жути и црвени го слават денот на АРМ. Глеам и не ми се верува, кој болен ум го смислил и организирал ова?
Злоупотреба на деца?! НАТО што стои позади секое срање у светов, миљион убиени деца и цивили, да не идам далеку, срањето што ни се случи 2001 у Македонија.
А уште и некој министер, шо и да е, тврди дека децата се самоорганизирале, нашле пари за пароли, летоци, со политичка содржина.....
и ми текна на една песна од manic street preachers - if you tolerate this
"Македонија во НАТО, ние децата нивно злато" УЖАС!
Thursday, August 16, 2007
Monday, August 13, 2007
Sunday, July 22, 2007
Sunday, July 8, 2007
Wednesday, June 20, 2007
Plan 9 From Outer Space
Филм од 1959 година во режија на Edward D. Wood Jr....
Викаат дека е најлош филм на сите времиња, врска немат!
Friday, June 1, 2007
Масовна Хипноза
Забавна Програма (во Полицјска Држава)
Во иднина ке гледаме повеке вакви ствари на ТV.
(направено во чест на новиот закон за јавен ред и мир)
види
Thursday, May 31, 2007
иШо напеарчфт
Уште една соцреалистична скулптура, баш тоа што ни требаше.
Јасно е дека скулптурата што стои на плоштадот Пела во Скопје, фигура што треба да претставува Крсте Петков Мисирков е направена само заради некој глупи политички причини, али нема везе, требаше и треба да стои споменик од таков човек во главниот град на државава.
Би се задржал на самото дело.
Каде што застанал со работа авторот (незнам кој е) на ова дело не ни почнува уметноста, создавањето, како и да е, не е ни никаква база за нешто да може да се создаде, не е
„академска уметност“, ништо, мрак, само обична соцреалистична скулптура, како сме навикнале да ги викаме оние ствари
(на томе серафимовски, Димо Тодоровски(со неколку исклучоци)....) кој ги глеаме у МК., а не е ни тоа соцреализам, батали.
Уште една ствар, каде му се јајцата на К.П. Мисирков, авторов ги заборавил, еј! знаеш ли колкави јајца имал Крсте!!!
(ке се навратам на текстов)
Tuesday, May 29, 2007
Monday, May 28, 2007
Sunday, May 27, 2007
Friday, May 25, 2007
ДЕКАДЕНЦИЈА У ПОЛИЦИЈСКА ДРЖАВА!
За кој кур е законов бе!За куп старци да ми кажат „нечини што се пијанчите и кршите флаши на улица“ а?
Па на улица и „живеам“, не дека неам 120 денари за мало вино у кафич(ама на никој не му е гајле за тоа) и неможам да остварам никаква комуникација кога фршти гласна музика, а и не се пијанчам на улица само пијам пиво, вино шо и да е.
Јеботе!
Saturday, May 19, 2007
Декаденција!
кој се доволни експлицитни и сами по себе си кажуваат шо имаат,
но заради темата што така ја генерализирв ...
ке стаам текст.
Застани во ред
Отпор
Ова е патот
Поглед назад
Паднатите неборци
Паднатите лажни борци
Приказна за малиот патник
И еден човек-светол ден во истата ноќ како и ден меланхоличен бо јарко жолто со ноќ расипана во сласти телесни и црни облаци над Синото небо и крвава мецечина во нарцисовите очи и една тема - Тој како дел од општото лудило и слеп набљудувач на општествените тајни... или Биди човек и застани во редот и немај мисли, само кулирај и опушти се - некој друг мисли за тебе, ти контемплирај во сопствените избледени ставови или еден свет - сите бои во бело и црно и сите битија во неколку линии и еден сив, издуван свет најубав од сите и надвиснати сенки и магла...
„Декаденција“ во општиот свет, непрестан пад кој се должи на намалување на неопходните морални традиции, состојба на себичност, материјализам, малодушност, декаденцијата во тебе, тој, таа и можен, веројатен личен пад на етичките „стабилни и цврсти начела“, рушење на достоинството, почитта, давење во рамнодушноста...Сега не е важно дали овој свет е најубав од сите, тоа прашање го изгубило своето значење и смисла, ...
Ивана В.