Friday, November 30, 2007

Влажен Сон

Од изложбата во Точка



Никола Гелевски
ОСТРОВЧИЊАТА-ЦРТЕЖИ

“Земјата на Магијата ја опкружуваат ситни пловечки островчиња. Во секое од нив по еден мртовец. Тој појас од знаци во водата ја заштитува земјата на Магијата”, вели Анри Мишо во својата славна поетско-прозна книга-архипелаг, сета составена од чудесни мали острови.
Ако светот на уметникот е своевидна земја на магијата, тогаш изложбите се своевидни пловечки островца населени, секое поединечно, со по еден мртовец. Стражар и светилничар, едновремено, и за двете насоки: да го чува

уметниковиот свет на Магијата, но и да ја одбележи границата кон другиот свет, на “живите”, на отелотворените, на немагичните? Таа граница е интересно место за средби, како гробишта.
Во цртежите на Иван Ивановски има нешто од двата света; тие цртежи потсетуваат на островца со мртовци, или на полнети гуштери во кои знаат да се наредат и до петнаесет возрасни луѓе! Тие цртежи се оние подземни интензитети за
кои зборува Жил Делез: пулсираат нис своите наноси и густини како задишани кртови во бекство. Тие цртежи се флуидни, разлеани, како да се дел од друга приказна, од друг свет, а сепак треперат во овој, создаваат свои мрежи и значења. Често наликуваат на скица, но во позитивната смисла: потегот, гестот, насетената контура понекогаш содржат повеќе потенцијална енергија од отелотворениот облик, од пропишаното инкубаторско зреење...
Се чини дека Ивановски - што веројатно е типично за младоста - во уметноста повеќе го интересираат токму енергиите, расположенијата, моментните состојби, отколку големите констелации, формите и завршеностите. Неговото цртање е како истражување на сопствените пред с# емотивни предели, ловење на тонови, слоеви, густини...
Како Иван да се обидува да ја сотре онаа капсула (со цијанид збутан во заб?:) која стои помеѓу човекот и гледаното, за што исто така пишува Мишо: “Додека се набљудува еден пејзаж во повеќето луѓе со образува, така велат, една капсула. Таа капсула не е толку малечка колку што се мисли. Таа капсула е медиумот меѓу пејзажот и набљудувачот. Ако набљудувачот успее да ја раскине и да ја неутрализира капсулата, тогаш тој би бил неизмерно среќен, би го здобил рајот на земјата.”
Се разбира дека ретко кој од нас ја проголтал или уништил капсулата и останал жив. Затоа е уметноста - да ги насетува другите светови, а понекогаш и да ги штити тие други светови уд упадот на натрапниците. Напад и одбрана, едновремено? Граница, со островчиња, и во секое по еден мртовец-цртеж.


Sunday, September 2, 2007

Мршојадецот










Куп железо, мртва механика,
талог на опшеството и р’ѓа во воздухот

Тамо јаде Мршојадецот!

Friday, August 24, 2007

Saturday, August 18, 2007

Your children are next!






Глеам на ТВ девојче од 6-7 години збори нешто у стил “да влеземе у нато за да нема повеке војни„ еден куп деца со парола
"Македонија во НАТО, ние децата нивно злато" жути и црвени го слават денот на АРМ. Глеам и не ми се верува, кој болен ум го смислил и организирал ова?
Злоупотреба на деца?! НАТО што стои позади секое срање у светов, миљион убиени деца и цивили, да не идам далеку, срањето што ни се случи 2001 у Македонија.
А уште и некој министер, шо и да е, тврди дека децата се самоорганизирале, нашле пари за пароли, летоци, со политичка содржина.....
и ми текна на една песна од
manic street preachers - if you tolerate this


"Македонија во НАТО, ние децата нивно злато" УЖАС!